Не сум пишал блог запис одамна, како и многу други кои овие денови поттикнати од протестите за убиството на Мартин повторно ги активираа своите блогови. Јас ќе се обидам да дадам осврт на тоа како јас го дожиеав целиот тек на настаните.
Креирање на јавното мислење
На твитер проструи една информација за брутално убиство со претепување на млад човек од страна на полицијата. Има информациски мрак и од институциите и од традиционалните медиуми. Твитер беше јавниот простор (виртуелна агора) кој прерасна во идеалната Хабермасова дефиниција за јавното мислење. Според него кога две или неколлу општествени групи со одредени интереси во општеството, во јавен простор, дискутираат за прашање од општествен интерес и при тоа преку рационална дебата доаѓаат до концензус , тогаш тоа е дефиниција за јавно мислење.
Во случајов Твитер беше јавниот простор, имаше различни мислење кои преку рационална дебата дојдоа до заклучок дека имаме убиство и прикривање на убиство од страна на институциите и медиумите и со конзенсус се реши дека потребни се протести за овој случај да се разреши. По неколку дена протести покрај Твитер како јавнен простор за дебата и креирање на јавното мислење се доби уште еден таков простор, овој пат тоа е физички простор сместен во центарот на градот позади спомен куѓата на Мајка Тереза. Со ова се потврдува и тезата на Вирилио дека политичкото е невозможно без физичкиот простор.
Политичкото е пошироко од партиското
Уште после првиот ден од протестите латасоидните и велијоидните медиуми познати по својата „професионалност“ и „неутралност“ пробаа овој граѓански протест да го претворат во партиски и повторно нивните омилени партии да го воспостават монополот врз политичкото кој во овој случај им го нарушија млади кои размислуваат со своја глава. Тажно е што уште по 20 години плурализам во Македонија се изедначува партиското со политичкото. Но, нашите султан партии произведуваат таков систем во кој партијата се изедначува со политичкото и државата, правејќи монопол врз се што е политичко. Па, така на мое жалење денес мора секој што ќе го земе мегафонот на протестите да каже дека ова нема политичка заднина, дека он политички не е определен, дека овој протест не е политички итн. Па ако протестот не е политички тогаш каков е електротехнички, нутриционистички или гејмерски . Се разбира дека е политички, но она што е важно да се истакне е дека не е партиски.
Секој има своја политичка определба во едно општество, не е нужно да има партиска. Затоа политичкото е поголемо од партиското. Вистина е, на протестот видов луѓе кои се членови на СДСМ, но видов и членови на ДПМНЕ, или поддржувачи и симпатизери на ДПМНЕ, видов левичари, либерали, десничари и анархисти. Видов Македонци, Албанци и Роми. Но, зарем ако си член на некоја политичка партија немаш право да протестираш, зарем самото членство во политичка партија те прави лажов и измамник? Перцепцијата која ја наметнуваат латасоидните и велијоидните медиуми е таква, но овој протест докажа дека не смее, и не може и понатаму партиите да го држат монополот врз политичкото. Зарем граѓанското општество не е токму ова, здружување по хоризонтална, а не вертикална основа за прашање кое ги засегнува сите.
Зошто политичка одговорност?
Некои од моите пријатели ме прашуваат зошто мислам дека треба да се сноси политичка одговорност преточена во оставка на ресорниот министер и оние кои имаат директна комадна одговорност. За нив притворањето на осомничениот е доволно протестите да завршат и ова да се затвори како успешно разрешен случај. Јас имам неколку причини зошто треба да се поднесе политичка одговорност од ресорниот министер:
- Сите индикации водат кон заклучок дека институциите се обидоа да го скријат случајот. Во секоја нормална држава дури и за по неоснован сомнеж се напушта функционерска положба.
- Народната подобро е да се спречи отколку да се лечи целосно е во право во овој случај. Јас сум задоволен што осомничениот е веќе во притвор и ќе одговара за делото за кое е обвинет. Она што мене ме плаши е дека ресорната министерка ништо не направила ваквите случаеви на полициска бруталност да се спречат, а не да се лечат. Зар треба да бидеме задоволни со тоа што секоја наредна полициска бруталност која ќе одземе живот ќе биде казнета? Не, тоа е недовлно тоа што треба да не задоволи е мерки кои ќе не уверат дека полициска бруталност ќе биде спречена. Ете затоа треба да се поднесе политичка одговорност. Затоа што последниве 5 години ништо не било преземено за да се спречи оваа акутна болест во полициските структури.
- Конечно мора некој во Македонија да почне да презема одговорност. Јас не велам да бидеме екстремни како Јапонците па да бараме оставка на министерот за транспорт и врски затоа што задоцнил воз една минута. Можат возовите да доцнат, тоа ќе го истрпиме. Но, не сакам да трпиме повеќе никој да не презема политичка одговорност кога е изгубен живот. Не велам дека министерката е директно виновна, тоа е лудост да го тврдиш, но нејзина е одговорноста да има мерки на контрола во нејзиниот ресор кој ќе ги отстрани ваквите немили настани. Затоа таа треба да поднесе оставка.

-
1
линкување on јун 14th, 2011 at 1:22 pm
[...] Кога политичкото е поголемо од партиското #protestiram [...]









јуни 11, 2011 at 3:48 pm
Малку забегавте со приказната дека да не беше твитер – се ќе се заташкаше.
Да не беа сведокот и новинарката (од кај беше) ќе се заташкаше.
Не забегувајте во unwarranted self-importance.
јуни 11, 2011 at 3:54 pm
Не е точно дека забегавме. Два дена медиумите молчеа. Ако не беше твитер немаше да се организираат луѓето да ги покренат прашањето. После тоа сите други медиуми почнаа да известуваат и тоа дури после вториот ден од протестите.
јуни 11, 2011 at 3:58 pm
ОК, не викам дека не е така.
Ама еуфорија ве фаќа, на anon-и ми наликувате, “we twitter, we legion, hurr-durr…”
Убава работа завршивте, продолжете така.
Ама имајте на ум дека на протестите има илјадници млади и вие сте само дел од нив.
Сакам да кажам – да не ви удри славата во главата, не е време за его-трипови.
Најдобронамерно #justsaying.
јуни 11, 2011 at 4:00 pm
„млади кои размислуваат со своја глава“
Па не би рекол баш. Само мислат дека размислуваат со своја глава. Појма немаат што е љубов а се лупаат у гради демек знаеле. А мото им е оној знакот V кој џака накот, а и остала багра која размислува со своја глава го сметаат за имбецилизам или „закон за пушење“
јуни 11, 2011 at 4:01 pm
Не сме во его трип. Јас само го алоцирав местото од каде што почнаа протестите. После тоа традиционалните медиуми со своите објави си го направија своето овој протест да биде масовен.
јуни 11, 2011 at 4:02 pm
More like “We suck”
јуни 11, 2011 at 4:03 pm
Мислев на вакво нешто.
http://twitter.com/#!/Vnukot/status/79312081588985856
А со Внучето накнадно ќе се разбереме, наше дете е…
јуни 11, 2011 at 4:03 pm
Командна одговорност не важи за министерот.Министерот е цивил,политичко лице.Не може да се бара политичка одговорност,за кривично дело на вработениот,можеби евентуално морална да.Но моралот е субјективна категорија.
Кога сме кај акутната болест.Зошто не видовме протести во 2006 година за убиството во Виница,тројца Тигри беа вмешани и потоа помилувани од Б.Ц.Знам сега ке кажете дека тогаш немало здрава граѓанска свест и иницијатива.
Не,тогаш немаше кој да ги организира протестите како сега што ги организира,односно презема СДСМ
И на крај…зошто не го пишуваш целосното име на ВМРО ДПМНЕ.Нешто ми е симптоматично тоа.Таква пракса,или директива има во СДСМ за именување на ВМРО…
јуни 11, 2011 at 4:07 pm
До душа ВМРО е бедно име за политичка партија ако се знае кој биле ВМРО
јуни 11, 2011 at 4:14 pm
Туку знаете ли дека овие од власта ви се смеат, нешо као „Ај да видиме кој може повеќе да издржи“
Неможе вие да протестирате повеќе време отколку што тие можат да ве игнорираат. Освен ако не почнете како французите, без транспаренти, без викање, туку тивка и целосна (24/7) блокада на сите улици, аеродроми, железнички. Така не им оставате избор освен да слушаат.
јуни 11, 2011 at 7:36 pm
Авгантура – Томислав не знам кој дел од моето аргументирање зошто треба да се понесе политичка одговорност не го разбираш. Токму поради тоа што министерството за кое е одговорна Јанкуловска криеше информации е доволно она да си поднесе оставка. Второ токму континуираната употреба на бруталност од страна на полициски структури во подолг период преставува системска грешка која очигледно сегашниот министер не е способен да ја отстрани е втора причина. Секоја чест што се фати осомничениот но како што реков не сакам да видам уште едно убиство и уште едно успешно притворање на осомничениот. Сакам да видам механизми кои би ги спречиле ваквите немили настани. Тоа никаде не може да се види во изјавите на министерката и затоа треба да понесе политичка одговорност.
За тоа зошто ги нарекувам ДПМНЕ, а не ВМРО ДПМНЕ е моја лична одлука. Ги нарекувам така затоа што мислам дека е смешно да се сметаат за директни наследници на политиките на историското ВМРО. А, да не зборувам за тоа колку они одамна ја напуштија десничарската идеологија за што јас гласал за нив.
јуни 11, 2011 at 8:00 pm
Kuzevski велиш континуирана употреба на бруталност во подолг временски период…имаш некакви податоци или само оние нафрлани од time.mk од 2006 навака? Имаш податоци колку апсења и колку легитимирања се прават годишно во Македонија? Колкав е процентот на прекумерна употреба на сила или непрофесионалност по однос на сите апсења и легитимирања? 1%, 5%, 50% ? Како се движи овој процент низ годините? Дали имаме целосни онформации од 1991 до денес колку случаи имале судска разрешница и како биле разрешени низ годините? Затоа што мора да имаш податоци пред да зборуваш за некаков тренд или да изјавуваш дека ситуацијата е непроменета со години. Владата во моментов е техничка, значи овие министри ја извршуваат должноста само колку да се одржи континуитет во работењето на државниот апарат до избор на нова влада. Легитимно барање би било да нема реизбор на министерката (иако за мене е легитимно но не и правилно). Искрено – roboto
јуни 11, 2011 at 8:11 pm
P.S. колку и да не сакам да се навраќам на лицето Бранко Ц. Тој помилува осуденик од Тигрите осуден за убиство, истото го направи и за осуденик полицаец кој остави момче инвалид. Сепак дали се бара од него политичка одговорност бидејќи сепак е претседател на голема партија и каков ефект ослободувањата имаа врз полицајците? Им се зголеми агресивноста? Значи ова не е првпат да се прогледа низ прсти (ако сега воопшто се прогледува низ прсти решена полициската работа за 36 часа) сепак мое мислење е дека речиси сите посериозни инциденти се случуваат изолирано односно непредвидено, не затоа што некој си мисли дека нема да одговара или дека ако е полицаец е Бог.
јуни 12, 2011 at 1:46 am
Значи за тебе оние инциденти што ги има набројано на time.mk не се доволни за да заклучиш дека одредени полициски структури применуваат прекумерна сила. Ако е така тогаш јас немам случај. Што се однесува за коментарот за техничка влада можам да те прашам дали тоа значи дека тие сега не сносат никаква одговрност и можат да прават што сакаат или било што да им се случи во нивниот ресор они не се одговорни затоа што се тука само да обезбедат континуитет. Ако е таков случајот тогаш гласам за вакум простор отколку технички влади кои ќе обезбедуваат континуитет без да сносат одговорност.
А за коментарите за лицето Б.Ц. ми е дегутантно веќе да се објаснувам. Човекот си има гревови за кои неодговараше, но тоа не им дава право на оние кои сакаат да се прикажат како негов антагонизам да се повикуваат дали Бранко одговарал или не. На сите ни е повеќе од јасно тоа. Исто уште подегутантно ми е прашањето зошто во 2006 немало протести за некој случај а сега има. Едноставно, немало критична маса, па дури ни критична маса организирана од некоја политичка партија што ќе протестира. Зарем затоа што некој не протестирал во 2006 сега треба воопшто да не се протестира. Исто многу е важно да се напомене дека најголемиот дел на луѓето кои се протестираат во 2006 години биле 15 или 16 години.
јуни 12, 2011 at 2:19 am
Значи немаш информации сооднос успешни акции – случаи на полициска злоупотреба. Заклучив одамна јас дека има идиоти кои ја злоупотребуваат униформата и кои треба да бидат казнети и се казнувани. Вакви појави ќе има и во иднина и се согласувам дека треба да се вложи екстра напор да се намалат уште повеќе. Министрите во преодниот период секако дека подлежат на одговорност, само не знам каква одговорност има министерката за најобичен полициски службеник вработен во МВР пред повеќе од 10 години, во услови кога му се вршени проверки, редовно е исплатуван и тн. единствено може да стане збор за некаква индиректна морална одговорност.
Зошто ти е дегутантно да се објаснуваш јас не прашав кај беше 2006 или 1994 година. Туку ти велам кога веќе се споменуваат индиректно вмешани личности (ете ја сегашната техничка министерка која можеби има морална одговорност) зошто се премолчуваат акутелни политичари кои имаат директна одговорност (помилување за убиство) и да те потсетам дека кривичното дело УБИСТВО не застарува. За критична маса ќе збориме после извесно време затоа што сеуште не зборуваме за сериозен масовен и организиран протест, туку за протест кој изгуби смисла, протест без организатор веќе 6ти ден.
јуни 12, 2011 at 2:27 am
Глупаво барање е да се распуштат Алфите и Тигрите.
Треба само да се редуцираат и да им се стави контрола, бидејќи моментално немаат никаква.
А за тоа колку се ефикасни Алфите прашајте некој криминалец, ако познавате.
Јас сум ја имал “честа” да знам повеќемина – верувајте дека уплав имаат.
јуни 12, 2011 at 4:44 am
@ qzevski
“Значи за тебе оние инциденти што ги има набројано на time.mk не се доволни за да заклучиш дека одредени полициски структури применуваат прекумерна сила”
Значи…полициски структури, а не министерката.Да ги смениме полициските структури сега.Тие исти луѓе биле во полицијата последниве 10-15 години,а никој ништо не преземал да се поправи ситуацијата.И осомничениот(значи немојте да го осудувате пред време,тој е само осомничен,а не убиец се додека не се докаже)
бил во истите структури последниве 11 години.
Правото на протест никој не го оспорува,но вие од гнев заради полициска бруталност прејдовте во политички протест.Па пријателе,политика се практикува низ политичките партии.Или формирајте партија или придружете се на некоја од постоечките партии за да ги остварите вашите барања,а не преку улицата.Не можеш да кажеш дека 2000 луѓе протестираат и сега сите се против оваа власт која е сосема легитимна.Не е проблемот во оставка на министерката,но вие ништо нема да добиете со тоа,опозицијата ке поентира,а не вие.
Но проблемот е кога зад вас,или меѓу вас се уфрли опозицијата и сака да прикаже дека граѓанствоѕто е незадоволнио од власта.
Е тоа е многу демагошки.Заради тоа има реакции и луѓето не ве подржуваат по масовно.Во Велес 30 луѓе.Многу свесна младина.
јуни 12, 2011 at 11:13 am
А да не менуваме ништо, да си спиеме на ушите?
Барањето за оставка на министерката за внатрешни е порака до сите наредни министри од било кој ресор: Ако ја посерете работата ќе бараме оставка!
јуни 12, 2011 at 11:35 am
Тоа што е намален криминалот, за првпат масовно фрштат дисциплински казни и откази во МВР, има успешни акции во огромен број не ми личи на засерување на работата. Овој министер за внатрешни работи е најдобар до сега.
јуни 12, 2011 at 12:00 pm
P.S. дали се овие у први редови повторно http://www.youtube.com/watch?v=MXzY86hipGo
јуни 12, 2011 at 1:06 pm
Томислав тука и се разликуваме во нашите ставови. Ти ставаш знак еднакво помеѓу политичкото и партиското, а за мене и секоја либерална или граѓанска мислам политичкото е пошироко од партиското. Затоа велам дека е смешно да кажеш дека овие протести не се политички. Ако не се политички какви да бидат електротехнички? Разлика која треба да се направи е дека овие протести не се партиски иако има и луѓе кои се членови на партија и тоа и од опозиција и од власт. Треба да присуствуваш на протестите и да видете како сите жестоко реагираат на сите оние што сакаат да вметнат партиска агенда на протестите.
Сега да се вратам на политичката одговорност. Како министер си одговорен за полициските структури, ако нешто таму не е како што треба не сносиш директна одговорност што во примеров би било да бара некој и министерот да одговара за убиство, туки сносиш политичка одговорност затоа што не си спречил нешто што е аномалија на одредени структури кои се под твој ресор. Еве нема да ги споменувам и обидите дека два дена некој од министерството сакаше да го забошоти случајот. Доволно е само првото. Доколку бев доволно возрасен кога се случи атентатот врз Киро Глигоров ќе барав оставка за Фрчко, исто како кога му мистериозно му исчезна дрогата од МВР. Барав оставка и одговорност од министерот за транспорт и врски кога почина претседателот Борис Трајковски. Мојот повик на одговорност е конзистентен и како што вели Билјана ние одговорноста не ја бараме само за овој министер сега, туку ова ќе биде знак за сите други во иднина што ќе направат пропусти.
Во Македонија 20 години никој не презема одговорност и затоа сме држава каква што сме. Кога ќе проработи чувството за одговорност тогаш можеби и ќе се мрднеме од точката во која застанавме кога се осамостоивме.