Не сум пишал блог запис одамна, како и многу други кои овие денови поттикнати од протестите за убиството на Мартин повторно ги активираа своите блогови. Јас ќе се обидам да дадам осврт на тоа како јас го дожиеав целиот тек на настаните.
Креирање на јавното мислење
На твитер проструи една информација за брутално убиство со претепување на млад човек од страна на полицијата. Има информациски мрак и од институциите и од традиционалните медиуми. Твитер беше јавниот простор (виртуелна агора) кој прерасна во идеалната Хабермасова дефиниција за јавното мислење. Според него кога две или неколлу општествени групи со одредени интереси во општеството, во јавен простор, дискутираат за прашање од општествен интерес и при тоа преку рационална дебата доаѓаат до концензус , тогаш тоа е дефиниција за јавно мислење.
Во случајов Твитер беше јавниот простор, имаше различни мислење кои преку рационална дебата дојдоа до заклучок дека имаме убиство и прикривање на убиство од страна на институциите и медиумите и со конзенсус се реши дека потребни се протести за овој случај да се разреши. По неколку дена протести покрај Твитер како јавнен простор за дебата и креирање на јавното мислење се доби уште еден таков простор, овој пат тоа е физички простор сместен во центарот на градот позади спомен куѓата на Мајка Тереза. Со ова се потврдува и тезата на Вирилио дека политичкото е невозможно без физичкиот простор.
Политичкото е пошироко од партиското
Уште после првиот ден од протестите латасоидните и велијоидните медиуми познати по својата „професионалност“ и „неутралност“ пробаа овој граѓански протест да го претворат во партиски и повторно нивните омилени партии да го воспостават монополот врз политичкото кој во овој случај им го нарушија млади кои размислуваат со своја глава. Тажно е што уште по 20 години плурализам во Македонија се изедначува партиското со политичкото. Но, нашите султан партии произведуваат таков систем во кој партијата се изедначува со политичкото и државата, правејќи монопол врз се што е политичко. Па, така на мое жалење денес мора секој што ќе го земе мегафонот на протестите да каже дека ова нема политичка заднина, дека он политички не е определен, дека овој протест не е политички итн. Па ако протестот не е политички тогаш каков е електротехнички, нутриционистички или гејмерски . Се разбира дека е политички, но она што е важно да се истакне е дека не е партиски.
Секој има своја политичка определба во едно општество, не е нужно да има партиска. Затоа политичкото е поголемо од партиското. Вистина е, на протестот видов луѓе кои се членови на СДСМ, но видов и членови на ДПМНЕ, или поддржувачи и симпатизери на ДПМНЕ, видов левичари, либерали, десничари и анархисти. Видов Македонци, Албанци и Роми. Но, зарем ако си член на некоја политичка партија немаш право да протестираш, зарем самото членство во политичка партија те прави лажов и измамник? Перцепцијата која ја наметнуваат латасоидните и велијоидните медиуми е таква, но овој протест докажа дека не смее, и не може и понатаму партиите да го држат монополот врз политичкото. Зарем граѓанското општество не е токму ова, здружување по хоризонтална, а не вертикална основа за прашање кое ги засегнува сите.
Зошто политичка одговорност?
Некои од моите пријатели ме прашуваат зошто мислам дека треба да се сноси политичка одговорност преточена во оставка на ресорниот министер и оние кои имаат директна комадна одговорност. За нив притворањето на осомничениот е доволно протестите да завршат и ова да се затвори како успешно разрешен случај. Јас имам неколку причини зошто треба да се поднесе политичка одговорност од ресорниот министер:
- Сите индикации водат кон заклучок дека институциите се обидоа да го скријат случајот. Во секоја нормална држава дури и за по неоснован сомнеж се напушта функционерска положба.
- Народната подобро е да се спречи отколку да се лечи целосно е во право во овој случај. Јас сум задоволен што осомничениот е веќе во притвор и ќе одговара за делото за кое е обвинет. Она што мене ме плаши е дека ресорната министерка ништо не направила ваквите случаеви на полициска бруталност да се спречат, а не да се лечат. Зар треба да бидеме задоволни со тоа што секоја наредна полициска бруталност која ќе одземе живот ќе биде казнета? Не, тоа е недовлно тоа што треба да не задоволи е мерки кои ќе не уверат дека полициска бруталност ќе биде спречена. Ете затоа треба да се поднесе политичка одговорност. Затоа што последниве 5 години ништо не било преземено за да се спречи оваа акутна болест во полициските структури.
- Конечно мора некој во Македонија да почне да презема одговорност. Јас не велам да бидеме екстремни како Јапонците па да бараме оставка на министерот за транспорт и врски затоа што задоцнил воз една минута. Можат возовите да доцнат, тоа ќе го истрпиме. Но, не сакам да трпиме повеќе никој да не презема политичка одговорност кога е изгубен живот. Не велам дека министерката е директно виновна, тоа е лудост да го тврдиш, но нејзина е одговорноста да има мерки на контрола во нејзиниот ресор кој ќе ги отстрани ваквите немили настани. Затоа таа треба да поднесе оставка.

Не помина долго од повикот на неколку медиуми да престане кражбата и неовластеното превземање на соджини (Тужба за неовластено преземање вести од Интернет порталите) за да истото тоа го стори денес Шпиц.
Додуша, Шпиц не беше од медиумите кои го потпишаа повикот, но тоа и дава за право без да ме контактираат, ниту да пишат од кај ја презеле фотографијата (види прва слика од фотосторијата) да ја објават на втора страна во денешниот број.
Ова е фотографијата што јас ја обајвив на Демотикс:
Ова е фотографијата објавена во денешен Шпиц на втора страна:

Фотографијата што Шпиц ја објави на 08.02.2010 на втора страна
Мој предизвик за вас е да ја најдете разликата помеѓу двете слики, освен што таа во Шпиц е црно бела.
Благодарност до @ucitelot за насловот.
Мојот последен запис на Баждарџијата е креиран некаде во мај месец 2009. Неколку месеци претходно ми се намали мојата активност како блогер од неколку причини, по што прекинав да пишувам:
- Станав активен џивџаџија
- Политичката сцена стана досадна
- Прекинав активно да следам политика
- Сигурно има уште но доста се и овие
Денеска решив повторно да се активирам. Најчесто ќе пишувам за политика, политика и меидуми, медиуми додека записите за нови медиуми, друштвени медиуми ќе можете да ги најдете на Комуникации. Почнав да пишувам за Комуникации пред некое време. Иначе ќе бидам критички настроен спрема владата и ќе ги замолам сите оние што мислат дека сум комуњара, соросоид, героид, предавник итн. нека прочитаат што сум пишувал претходно пред да ме етикитираат.
Ах, сега ќе треба повторно да следам политика многу активно. Не е лесно.
Сеад: Некој на А1 коментирал: „Да имаше СДСМ во стар Египет, денес немаше да има пирамиди“ …
(хорот ретвитнува.. НЕМАШЕ, немаше)
@woona: „Ами шо…Море да имаше СДС у стар Египет, не само ш’о немаше да има пирамиди, него немаше да има ни сфинги“.
(хорот ретвитнува: „НИ СФИНГИ, ни сфинги“)
„И не само то, да имаше СДС у стар Египет, Сахара ќе беше оаза на мирот и Александар Македонски никад немаше да го освои Египет. Бранко ќе беше фараон. или бог на подземниот свет“.
(хорот ретвитнува ПОДЗЕМЈЕТО, ооо земјето)
@ognen: „A да имаше ДПМНЕ во стар Египет немаше да има пирамиди воопшто, туку ќе имаше изобличени сфинги со фаца на Силвана Бонева“.
(хорот ретвитнува БОНЕВА, Бонева)
@sead93: „Не бе, да имаше ВМРО во стар Египет пирамидите ќе беа три пати поголеми и ќе беа во центарот на Каиро“.
@jpetrov: „И ќе го национализираа сонцето“.
(хорот ретвитнува И СОНЦЕТО, и сонцето)
@kuzevski: „И Џоле ќе ги искараше робовите дека недоволно сакаат да бидат слободни и дека немаат позитивна мисла“.
@kuzevski: „И ќе направеа кампања: Пишувам хиероглифи значи постојам!“
(хорот ретвитнува ХИЕРОГЛИФИ, ооо ќе постоеја)
@kuzevski: „Да имаше ДПМНЕ во стар Египет Грујо ќе беше Мојсеј и ќе го избавеше својот народ од маките, па ќе го поведеше во преродба во 100 чекори“.
(хорот ретвитнува: ВО СТО, во сто)
@Femgerila: „И ќе имаше и кампања за 99 дете и светот сега ќе се викаше едноставно Египет!“
@ribaro: „Море да имаше и ВМРО и СДСМ во Стар Египет, ќе немаше што да се компарира, пошто нов Египет немаше да има“.
(хорот ретвитнува НЕМАШЕ, ај ќе немаше)
@woona: „Мислиш да имаше ВМРО и СДС у стар Египет, горен и долен Египет никад немаше да се обединат и ќе пропаднеа“.
(хорот ретвитнува ЌЕ ПРОПАДНЕА, сигурно)
@woona: „Како и да е, да имаше ДУИ у Египет Евреите немаше да бидат Робови.
(хорот ретвитнува Е КАКО НЕ, е како не)
ЗАВЕСА
Гладна кокошка просо сонува. По логиката на оваа народна мудрост би требало робот да сонува слобода. Меѓутоа повистинито е тврдењето дека робот не сонува слобода, туку сонува да биде робовладател.
Денешното грубо кршење на правото на протест, а со тоа и на правото на слободна мисла и слободно изразување, преку група насилници кои според Пастирот спонтано се собрале, се докажува тврдењето дека робот сонува да стане робовладетел. Конечно на ДПМНЕ им се остварува сонот да бидат СДСМ.
Оние кои жестоко ја обвинуваа СДСМ за кршење на правата на протест преку донесување на идиотски закон, сега преку „спонтано“ собирање и се разбира уште „поспонтано“ удирање тупаници и туркање на девојки ја практикуваат слободата која ја освоија ослободувајќи се од својот робовладател.
Дури и оваа група на луѓе да била организира од СДСМ, дури и Заев лично да присуствувал на протестот, „спонтаниве“ кои патем „спонтано“ правеа и групи на Facebook со кои го најавуваа нивното собирање, немаа никакво право да ги замолкнуваат оние кои имаат споротивно мислење од нив. Обвинувањето од ДПМНЕ дека СДСМ го организирала сето тоа не ги оправдува насилниците. Тоа значи дека ДПМНЕ не дозволува политичко дејствување. Што е наредно да се прогласат за единствена партија во Македонија, а другите да ги укинат и пратат во илегала.
Најсмешното од се е што се најавени пријави за организаторите, а за овие насилнициве ништо. Ако организаторите се криви за лошо организиран и слабо обезбеден протест, тогаш овие „спонтаниве“ се криви најмалку за три работи:
- предизвикување општ неред,
- физички напад
- и учество во толпа
Добар христијанин не користи насилство и пцости како што правеа „спонтаниве“. Уште една порака за „спонтаниве“ пред да ме обвинат дека сум соросоид, шиптар, героид, комуњар и така натаму, погледнете ги моите ставови што ги имам искажно преку овој блог за: црквата, крстот на водно, веронауката итн.
Дополнување (29.03.2009): Еве една од многуте групи која беше креирана на Facebook за „спонтаните“ така „спонтано“ да се ораганизираат со транспаренти и знамиња и во толкав број. Туку они со знамињата така катадневно си шетаат по улица па ако видат некој собир они спонтано му се приклучуваат.
Колапсот на хипотекарниот пазар во Америка на едноставен јазик.
The Crisis of Credit Visualized from Jonathan Jarvis on Vimeo.
Главен аргумент зошто да бидат избрани на кандидативе за градоначалници од ДПМНЕ е затоа што ќе имале одлична соработка со централната власт. Некои одат до таму што ни кажуваат да се пазиме за кого ќе гласаме затоа што локалната власт била зависна од централната власт. Од ова произлегуваат неколку работи:
- Партијата на власт гради едноумие врз основа на безумие (сака да биде и централна и локална власт злоупотребувајќи ја позицијата на власт на централно ниво. Да е ниет Грујо ќе се прогласи за божество за полубог)
- Минирање на процесот на децентрализација (функционална децентрализација е еден од условите за влез во ЕУ)
- Програмата на овие кандидати е правена од страна на владата и визијата за градовите на кандидатите за градоначалници е визија на премиерот е не нивна. Уште не сфатив што имаат кандидативе на ДПМНЕ визија или програма или можеби имаат визионерска програма. Треба да разликуваат визија од реална алокација на средства за исполнување на нужностите кои ги тиштат општините. И Да Винчи имал визија за хеликоптер ама не можел да ја оствари затоа што околностите не дозволувале.
- Ова е директно го загрозува изборниот процес и го прави нефер и недемократски. Ова е класична корупција на изборниот систем. Секој правен промет изнуден под измама, уцена или заблуда е ништовен.
- Ова однесување покажува дека кандидатите за гладоначалници на ДПМНЕ немале што да понудат освен папочна врска со централната власт. Едно прашање до сите нив: Што кога централната власт ќе се смени? Ќе си поднесете оставка?
Кибер котле во својот запис за неуспехот на политичките кампањи тврди поради тоа што неопределените останале неопределени и не излегле на гласање залудно биле трошени пари за кампања. Меѓутоа котлето не знае дека неопределените и без кампања се определија, меѓутоа поради изборен фалсификат и прогласување на нивните гласови за неважечки најсериозниот кандидат за претседател остана надвор од трката. Еве за кога гласаа се определија неоппределените:

Кампањава помина. Дебата немаше. Џоле е кукавица. Фрчко почна да личи на него на крајот на кампањата. Мируше беше најрадикална. Љубе прекина да рецитира на крајот. Џоле декларативно е Еден за сите, а Селмани се трудеше да го сработи тоа. Буџаку беше незаинтересиран и насочен на дискредитација на Селмани претставувајќи го како предавник затоа што бара поддрршка и од македонски гласачи.
Еве како твитерашите ја видоа изборнава кампања http://tinyurl.com/dy9dw2
Трендо извини за copyright
Saso Macanovski Trendo dobi friend request od MPC:) Sto kje im bide status? MPC poked Zoran Vraniskovski? MPC went from being “avtokefalna” to “it’s complicated”?




